ВЕСТИ: ЛШ резултати, суспензија за селекторот на Романија, трансфери...

Photo: IHF

Комплетирано е четвртото коло од Лигата на шампионите по што германските екипи останаа со максимални остварувања. Динамо Букурешт е тимот што најмногу може да жали, затоа што имаше реми во раце на гостувањето кај германскиот шампион Берлин, но не успеа да се одбрани и со гол од седмерец Берлин стгина до минимална победа.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
РЕЗУЛТАТИ:
Колстад – Алборг 26-35
Спортинг – Нант 28-39
Веспрем – Келце 35-33
Берлин – Динамо (Б) 33-31

ТАБЕЛА „А“: Берлин (8), Алборг (6), Веспрем (6), Спортинг (4), Нант (4), Келце (2), Колстад (2), Динамо (0)

Висла Плоцк – Е. Пелистер 36-25
ГОГ – Магдебург 30-39
Барса – Сегед 31-28
ПСЖ – Загреб 35-32

ТАБЕЛА „Б“: Магдебург (8), Висла (6), Барса (6), Сегед (4), ПСЖ (4), ГОГ (2), Е. Пелистер (2), Загреб (0)

Селекторот на Романија, Георге Буричеа кој истовремено е и тренер на екипата на Темишвар е суспендиран на 6 натпревари и ќе плати казна од 5.000 леи (1000 евра) поради инцидентот меѓу него и српскиот ракометар Зоран Николиќ. За време на првенствен натпревар, Буричеа се скара со својот играч, замавна и го удри (двајцата негираа), но Дисциплинската комисија ја прегледа снимката и реши да го суспендира.
Романија е противник на Македонија на ЕП 2026.

Потпретседателот на ЕХФ, Предраг Бошковиќ, уапсен пред три дена во Подгорица со обвинување дека создава криминална организација е пуштен да се брани од слобода.

Фуксе Берлин продолжува со играчките промени за следната сезона. Покрај Ласе Андерсон и можното заминување на Дејан Милосављев од екипата заминува и австрискиот репрезентатиец Лукас Хербургер. Ново име ќе биде германскиот ракометар Фредерик Симак кој оваа сезона игра за екипата на Лемго.

Исландскиот голман Агуст Бјоргвинсон ја заврши својата задача во Алборг каде беше доведен како замена за повредениот Никлас Ландин. Откако Ланднин се рехабилитираше и се врати на терен, Бјоргвинсон е слободен да си бара нов клуб.

Поврзани вести