Магдебург нуди богатство за Кузмановиќ

Photo: IHF/Kolektiff

Актуелниот европски првак, екипата на Магдебург следната сезона ќе остане без двајца од тројцата голмани што сезонава ги има на располагање.
Сергеј Хернандез заминува за Барса, а за Никола Портнер неофицијално се интересираат екипите на Гумерзбах, Штутгарт, Нант и Пари Сен Жермен.
СЦ Магдебург наводно сака во своите редови да го доведе Доминик Кузмановиќ од екипата на Гумерзбах и за таа цел спремиле мало богатство, неофицијално сума од 600.000 евра за да го откупат договорот од ривлскиот клуб.
Ако се реализира овој трансфер, Магдебург ќе има хрватско дуо на голот затоа што таму во моментов е и Матеј Мандиќ.

Поврзани вести