ГРК Тиквеш се изрезили во Турција

БЕШИКТАШ – ГРК ТИКВЕШ 31-20 (16-3)
Ашањин (12 одб), Хачиоглу 8, Бабакан 5 – Панов (5 одб), Коцев 5, Христоски 4


Екипата на ГРК Тиквеш во пракса е веќе елиминирана од ЕХФ Европскиот Куп откако попладнево во Истанбул беше високо поразена од домашниот Бешикташ.

Разликата од 11 дури е и добар епилог имајќи предвид како течеше натпреварот. Конечниот резултат не е којзнае каков удар за кавадаречкиот тим, но ако се има предвид дека домашните имаа плус 13 уште на полувреме, а Тиквеш за 30 минути постигна само 3 гола е податок со кој ГРК Тиквеш може да се срами.

Прво Бутел Скопје со елиминацијата од тим од Луксембург, а денеска и ГРК Тиквеш кој се изрезили во Турција и во првото полувреме постигна само три (!) гола покажуваат поинаква слика за македонскиот ракомет и „најсилната“ лига на Балканот.

Кавадарчани во втората минута од дуелот во Турција поведоа со 2-1 и потоа до крајот на полувремето постигнаа само уште еден гол. Бешикташ им даде уште 15 за вкупно 16-3 на полувреме по што беше решен и победникот и патникот во следната рунда.

Во второто полувреме се играше резултатски израмнето, ако не ги сметаме 13 гола предност од првиот дел.
Бешикташ водеше со истата разлика и во 58 минута од мечот (31-18), но кавадарчани во последната минута постигна два гола и го поставија конечните 31-20.




 

Поврзани вести