Алкалоид преку Бутел до нови бодови

Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски

РК АЛКАЛОИД – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ 32-25 (18-13)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски. Делегат: Марјан Огњановски
РК Алкалоид: Галевски (11 одб), Кизиќ (5 одб), Џонов 1, Тордарсон 2, Маркоски, Серафимов 4, Карасманакис 3, Стојковиќ 7, Ѓоргиев 2, Велковски 2, Ивановски 1, Костески 5, Петковски 1, Борзаш 3, Аларов, Ѓорговски 1
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 14 мин. 
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Трајкоски (18 одб), Стојановски, Субашевски 2, Тодески, Ѓоргиевски 1, Николов 4, Новаковски,  Спасовски, Т. Узунчев 4, Д. Узунчев 7, Киселовски, Каевски 1, Николоски, Михајловиќ 5, Казакаи 1, Гришкашвили
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 6 мин. 

Екипата на Алкалоид го совлада Бутел Скопје и освои нови суперлигашки бодови. Вечерва во Автокоманда, сино белиот тим славеше победа од 32-25 (18-13) во натпревар во кој немаше резултатска неизвесност.
Алкалоид поведе со 5-0 на почетокот на натпреварот и потоа во текот на првото полувреме постојано беше во предност од пет до седум гола, а на голем одмор се замина со резултат 18-13.

Во второто полувреме, по пет минути игра Алкалоид имаше и плус 11 (24-13) и во рамни на плус 10-11 се играше до 48 минута кога гостите од 17-27, намалија на 20-27.

Резултатската нишалка доби нови маргини, но Алкалоид беше безбеден и разликата не се спушти под шест гола, а конечниот резултат е 32-25.

Поврзани вести