Фото: mkdhnabdall
Најдобриот ракометен клуб на сите времиња денеска за прв пат ќе биде гостин во најракометниот град. Шпанската Барса ќе игра за прв пат во својата историја во Битола, а билетите за спектаклот беа продадени за само осум минути според извештајот на РК Еурофарм Пелистер.
Годинава каталонците се со изменет состав од кој заминаа неколку познати имиња, подмладени се, но во Битола ќе бидат Дика Мем, Емил Нилсен, Лудовик Фабрегас и Алеиш Гомез, квартет што ја прави Барса и натаму тим за кој второто место во Лигата на шампионите е „неуспех“.
Барса е големиот фаворит, на таа тема нема простор а дискусија, но оваа екипа во Македонија не победувала и кога имала и позвучен состав, а за тоа своевремено се погрижија Вардар и Металург.
Е. Пелистер, ако вечерва се прикаже во борбено издание во кое секој ќе игра без респект и најдобро што може – нема што да загуби.
Натпреварот во Битола почнува во 20:45 часот, а директно ќе биде пренесуван на МТВ и на ТВ Арена Спорт 2.
ТВ пренос денеска ќе има и од гостувањето на актуелниот европски првак Магдебург кај ПИК Сегед во Унгарија. Таа средба почнува во 18:45 и ќе биде пренесувана на ТВ Арена Спорт 5 Премиум.
ДЕНЕСКА
20:45 Е. Пелистер - Барса (МТВ - 3, ТВ Арена Спорт 2)
18:45 Алборг - Динамо (Б)
18:45 Пик Сегед - Магдебург (ТВ Арена Спорт 5 Премиум)
20:45 Келце - Нант
УТРЕ:
18:45 Загреб - ГОГ
20:45 Берлин - Колстад
20:45 Спортинг - Веспрем
Табела: Берлин (8), Алборг (6), Веспрем (6), Нант (4), Спортинг (4), Келце (2), Колстад (2), Динамо (0)
Табела: Магдебург (8), Барса (6), Висла (6), Сегед (4), ПСЖ (4), ГОГ (2), Е. Пелистер (2), Загреб (0)