Фото: РК Алкалоид/Роберт Спасовски
ЕХФ Европската лига не донесе големи изненадувања во првото коло, иако има резултати што треба да се одвојат како неочекувани.
Натпреварот што најмногу се истакнува во тој поглед е од групата во која игра и македонскиот претставник, Вардар 1961.
Францускиот Тулуз на домашен терен беше поразен од шведскиот Кристијанштат (28-30). Самиот пораз и не е толку изненадувачки, повеќе е до начинот на кој Швеѓаните дојдоа до двата бода. Поведоа со 4-1, 6-2, 10-5, потоа беше 20-15, 25-20, а Тулуз дури тогаш се разбуди и стигна до 26-26. Но, немаше комплетен пресврт, Кристијанштад имаше 29-27 и последен напад за конечен резултат.
Во следното коло, Тулуз одново на домашен терен, ќе игра против македонскиот Вардар 1961.
Хановер, екипата што ја гледавме на дуелите со Алкалоид, во првото коло на гостински терен ја совлада данската Фредериција (31-29).
Дербито на колото беше меѓу Монпеље и Кил, а победија германските ракометари како гости (30-28).
Доминацијата на германските клубови кои досега немаат пораз во сите европски натпреварувања, ја заокружија Мелзунген со победа над екипата на Бенфика (28-26) и Флензбург со победа над Ст. Рафаел (30-32).
Заклучно со настапите на Барлин и Магдебург во Лигата на шампионите, тоа се вкупно 14 натпревари во ЛШ и ЕХФ Европската лига на која шесте германски екипи запишаа победи.
Поврзани вести