ГРК Охрид го промовираше Јагуриноски

Foto: GRK Ohrid

Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриноски денеска беше официјално претставен како нов ракометар на екипата на ГРК Охрид. Охриѓани ангажираа за кратко време двајца ракометари. Младен Крсманчиќ како алтернатива за повредениот Ловро Јотиќ и Томи Јагуриноски кратко откако од тимот замина крилото Гал Цирар. 

Томислав Јагуриноски минатата сезона ја одигра во екипата на Вардар 1961, а потоа потпиша за германскиот тим Дасау Рослаер. Но, таму се повреди за време на подготовките и не одигра ниту еден официјален натпревар за клубот. Во меѓувреме се отвори можност да се врати во Македонија и во продолжението на сезоната ќе го гледаме во дресот на ГРК Охрид. 

Поврзани вести