Веспрем продолжи со тројца ракометари

Photo: Veszprém Handball Club/Facebook

Унгарскиот тим Веспрем денеска официјализраше потпис, продолжување на договорите со тројца ракометари од актуелниот состав.
Францускиот бек Недим Ремили се согласи на соработка до 2029 со што стави крај на шпекулациите за неговото евентуално враќање во Франција, односно во ПСЖ.
Една сезона помалку, до јуни 2028 договорот го продолжи поранешниот ракометар на Металург и на Вардар, Лука Циндриќ. Хрватот останува таму најмалку до 2028, а до летото 2027 нов договор потпиша бразилскиот дефанзивец Тјагуш Петруш.
Следната сезона во Веспрем ќе дојдат и данските ракометари Лукас Нилсен од Барса и Лукас Јоргенсен од Флензбург.

Поврзани вести