ТВ пренос: Загреб - ГОГ, Спортинг - Веспрем

Фото: Mkdhandball

Денеска ќе биде комплетирано петтото коло во Лигата на шампионите, а директни ТВ преноси ќе има од два натпревари.
Од 18:45 часот во Загреб, во групата во која е и екипата на Еурофарм Пелистер ќе се сретнат директните ривали на македонскиот тим за местото во следната рунда. Загреб ќе игра против ГОГ, а прено ќе има на ТВ Арена Спорт 5 Премиум. 

Во терминот од 20:45 часот, од групата „А“ се среќаваат екипата на Спортинг која имаше многу лош настап пред своите гледачи во минатото коло со Нант и екипата на Веспрем која е предизивик за секој тим во Лигата на шампионите. И овој натпревар ќе биде пренесуван на ТВ Арена Спорт 5 Премиум.

Љубителите на Бундеслигата, од 19:00 часот на ТВ Арена Спорт 4 Премиум ќе можат да го гледаат дуелот меѓу моќниот Флензбург како гостин на тимот на Ајзенах. 

РК Еурофарм Пелистер, пак, по вчерашниот домашен дуел со екипата на Барса, денеска ќе го игра заостанатиот натпревар од Суперлигата во кој ќе му гостува на тимот на ГРК Тиквеш. Видео стрим од овој меч ќе има на официјалната страница на РФМ, почетокот е закажан во 18:00 часот. 
 

Поврзани вести