ГОГ го остави Загреб на нула

Photo: IHF

ЗАГРЕБ - ГОГ  31-36 (11-19)

Екипата на РК Загреб останува единствениот тим во групата „Б“ во Лигата на шампионите која нема освоено бод по пет комплетирани кола. Вечерва во Загреб, хрватскиот шампион беше поразен од екипата на ГОГ Гудме (31-36) и остана на нула сезонава 
По победата над Е. Пелистер во Битола, а сега и над Загреб во Хрватска, ГОГ се промовираше како силен кандидат за пласман во следната рунда, оставајќи ги последните две места во групата за македонскиот и хрватскиот првак. 

Лесно дојде ГОГ до денешните бодови, Загреб одигра многу лош натпревар и во првиот дел практично се бореше за да остане на едноцифрена негатива откако беше 2-8 по 15 минути игра, а Андрија Николиќ веќе искористи два тајм аута. 

Поврзани вести