Фаворитите си завршија работата во осмото коло

Фото: РК Алкалоид /Филип Вирановски

РК ПРОЛЕТ 62 – РК АЛКАЛОИД 20-29 (10-17)
РК Е. ПЕЛИСТЕР 2 – РК Е. ПЕЛИСТЕР 27-34 (18-18)
РК ПРИЛЕП – ГРК ОХРИД 18-34 (10-19)
МРК КУМАНОВО – РК ВАРДАР 1961 25-32 (13-16)


Во осмото суперлигашко коло не се сретнаа екипи од големата четворка во македонската суперлига, па и немаше јасно изразено дерби на колото.

Фаворитите ги оправдаа своите улоги и освоија сигурни бодови, иако имаше на моменти и добар отпор на противниците, како на пример во Битола каде што „двојката“ одлично парираше едно полувреме, потоа и кумановци не се посрамотија на дуелот со Вардар, а и скопски Пролет во еден период од второто полувреме му пружи жилав отпор на Алкалоид.

Не беше доведена во опасност големата разлика, па одбраната на Алкалоид, транзицијата во која се изнаиграа крилата Тордарсон и Костески лесно го приведоа натпреварот кон крајот и бодовите заминаа за Автокоманда.

Поврзани вести