Реми со Србија, трето место на Трофеј Карпати

Македонската кадетска репрезентација со скор од една победа, еден пораз и едно реми се враќа од Романија каде што учествуваше на Трофеј Карпати.
Денеска, Македонија и Србија одиграа нерешено (28-28), но Србија ќе го освои второто место затоа што има подобра гол разлика.
Денешниот меч решаваше за тоа кој ќе биде втор, а зошто немаше победник можат да анализираат и да учат и да двата тима, затоа што Србија имаше водство и напад на една минута до крајот, потоа имаше и последен напад на 30 секунди до крајот при нерешено, но последните 15 секунди исто така при нерешено беа за Македонија.

Инаку, победник на турнирот ќе биде репрезентацијата на Полска, последното место ќе го заземе Романија.

 

Поврзани вести