Актуелно

ЕХФ ги прошири Лигата на шампионите и ЕХФ Европската лига!

Photo: Mkdhandball

Европската ракометна федерација, денеска, конечно, потврди дека следната сезона Лигата на шампионите и ЕХФ Европската лига ќе се играат во нов формат.
Лигата на шампионите ќе има 24 екипи. Тие ќе бидат поделени во шест групи со по четири екипи.
Првите две екипи од секоја група ќе се пласираат во Главната рунда.
Екипите што ќе завршат на третото и четвртото место ќе се префрлат во ЕХФ Европската лига.

Екипите во Главната рунда ќе бидат поделени во две групи со по шест екипи. Првите четири од секоја група ќе продолжат во 1/4 финалето, а оттаму на Фајналфор турнирот.

Екипите што ќе завршат на петтото место, ќе продолжат во 1/8 финалето на ЕХФ Европската лига.

ЕХФ ЕВРОПСКА ЛИГА СО 32 ЕКИПИ
Паралелно со Лигата на шампионите ќе се смени форматот на играње и во ЕХФ Европската лига.
Се укинуваат квалификациите, а ЕХФ Европската лига ќе стартува со 32 екипи што ќе бидат поделени во осум групи со по четири екипи.
Првите две екипи од секога група (вкупно 16) ќе се пласираат во Плејоф елиминации каде што ќе се сретнат со 12 екипи што ќе испаднат од Групната фаза на Лигата на шампионите. Екипите што ќе бидат на трето и четврто место, ја завршуваат сезоната.
Победниците, вкупно 14 и двете петтопласирани екипи од Главната рунда на Лигата на шампионите ќе формираат 1/8 финални парови.
Потоа продолжува 1/4 финале и Фајналфор турнир.

Како ќе изгледа ранг листата и која земја колку екипи ќе има во овие нови натпреварувања ќе биде објавено во декември.

Поврзани вести