Светската ракометна федерација тестира нови правила на ракометната игра на првото (воопшто) Пионерско Светско првенство, мундијал денеска почнува во Мароко е за играчи под 17 години.
Ваквите првенства за ИХФ меѓудругото служат и за тестирање на правила, нивна евалуација, за потоа да се работи на тоа дали да бидат имплементирани и во сениорскиот ракомет или не.
На женскиот кадетски мундијал во Македонија имавме можност да видиме како изгледа ракометот кога се игра со самолеплива топка, без користење на лепак, а во Мароко ќе има три измени.
 
1. Измена е дозволена само кога екипата е во посед на топка.
2. Три судии.
3. Не е дозволена играта седум на шест.
Дали некоја од овие три измени ќе се покаже доволно добра за да биде имплементирана ќе видиме, но ова е правецот во кој ИХФ размислува за промени во спортот во иднина.