ЛШ: ГОГ држеше час по ракомет во Париз

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Германските екипи и натаму се непобедливи во Европа сезонава. По шест одиграни кола во Лигата на шампионите, единствените два тима што имаат шест победи се Фуксе Берлин и Магдебург.

Ако ги додадеме и Кил, Флензбург, Мелзунген и Хановер во ЕХФ Европската лига, германските екипи досега имаат одиграно вкупно 22 натпревари и победиле на сите.
Берлин на хартија ја имаше најтешката задача и гостуваше кај Веспрем, но „везеа“ на теренот германските ракометари, водеа и со седум гола разлика и дури во финишот Унгарците успеаја да се доближат, но само привидно беа блиску до бод.

Барса и го покажа местото на залетаната Висла Плоцк и со 10 гола разлика славеше во Полска, Алборг извлече драматична победа на гости кај Нант, а изненадувањето на колото е екипата на ГОГ Гудме која славеше победа во Париз над ПСЖ. ГОГ победи со 36-34, но водеше со 16-8, 18-10, 20-12, потоа беше 26-20, 28-22 и 36-30 пред домашните да ги постигнат последните четири гола по ред во рамки на последните четири минути од мечот.
Македонскиот првак Е. Пелистер е пред уште една сезона во која шансите да го мине првиот круг се повеќе желба отколку реалност. Пет порази по ред нанижа Е. Пелистер по стартната победа над Загреб, а до крајот на календарската година следуваат два меча по ред со Пик Сегед каде што реалное аутсајдер, потоа одново дуел со Магдебург и за крај гостување кај Загреб кој годинава, засега е најслабиот тим во ЛШ.

РЕЗУЛТАТИ:
Колстад - Спортинг 30-34
Нант - Алборг 27-28
Веспрем - Берлин 31-32
Динамо - Келце 24-28

Табела: Берлин (12), Алборг (10), Спортинг (8), Нант (6), Веспрем (6), Келце (4), Колстад (2), Динамо Букурешт (0)

РЕЗУЛТАТИ:
Магдебург - Е. Пелистер 36-26
Загреб - Пик Сегед 23-28
Висла Плоцк - Барса 24-34
ПСЖ - ГОГ 34-36

Табела: Магдебург (12), Барса (10), Висла (8), Пипк Сегед (6), ГОГ (6), ПСЖ (4), Е. Пелистер (2), Загреб (0)




 

Поврзани вести