Топ Вести: Манасков во топ 10, разделба со Каменица, Бањица има ново име

Foto: Balkan-handball

По шест комплетирани кола во Лигата на шампионите, најдобар стрелец е Матијас Гидсел од Берлин со 56 гола. Второто место засега е за Омар Инги Магнусон од Магдебург кој постигна 49, а на третото место е Фредерик Бјере од ГОГ со 47 гола.
Од македонските ракометари, најдобро котира Дејан Манасков кој е на деветтото место со 37 постигнати гола од пет натпревари.

РК Горажде од БиХ, по три врзани порази во домашното првенство од кои два на домашен терен се раздели со тројца ракометари и со тренерот Касим Каменица кој во минатото водеше неколку екипи од Македонија.

Швајцарскиот плејмејкер Мануел Зендер веројатно ќе замине од екипата на Магдебург и ќе се пресели во Данска, во тимот на ГОГ Гудме.

ИХФ уште еднаш писмено им одговори на скандинавските организатори на следното женско СП и на скандинавските медиуми околу барањето да бидат забранети бели шорцеви заради избегнување на непријатност за ракометарките што се во циклус.
Одговорот од Базел е едноставен, забрана не е потребна, затоа бели шорцеви не се задолжителни, а и тие што ќе носат, можат да носат под нив спортска долна облека со црна боја.

Познатата српска ракометна спортска сала на Бањица во иднина ќе се вика сала „Бранислав Покрајац“ во чест на познатиот ракометар и тренер.




 

Поврзани вести