Пех за Алкалоид, се повреди Борзаш

Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски

Екипата на Алкалоид ќе биде на голем тест во претстојниот период затоа што ќе мора да настапува без повредениот интернационалец Урош Борзаш.

Еден од само двајцата странци во Алкалоид го повреди прстот на првенствениот натпревар со Еурофарм Пелисте 2 и ќе го нема на теренот извесен период. Колку долго ќе отсуствува, не е утврдено.
Во меѓувреме, поодговорна задача, но и шанса да се покажат ќе добијат двајца македонски ракометари, Дамјан Митев и Емилијан Ѓорговски. 

Поврзани вести