Македонската репрезентација денеска е на собир, ќе тренира во Скопје, а на 1 ноември ќе одигра и контролен натпревар со Јапонија. Предвидени се два натпревари, првиот ќе биде од затворен карактер во Автокоманда, а вториот на кој ќе можат да присуствуваат и гледачи ќе се игра во Куманово.
Репрезентативците денеска се собраа во Скопје, беа пречекани од селекторот Кирил Лазаров и стручниот штаб во кој се Стојанче Стоилов, Билјана Црвенкоска и координаторот на машките репрезентации Филип Миркуловски.
Неизбежно, првото прашање за селекторот беше поврзано со повикот до Дејан Манасков и неговата одлка да го одбие тој повик:
„Дејан игра во одлична форма, особено последните два месеци и поради тоа доби повик. Тој го одби повикот и тоа е тоа, немам што да кажам. Моја обврска е да ги повикам оние кои играат во најдобра форма. Го направив тоа, го повикав и мислев дека ќе бидеме поквалитетни со него на крилната позиција. Манасков во последно време покажува врвна светска и европска класа. Но, одиме напред“, изјави Лазаров.