Лазаров направи уште една измена во составот

Селекторот на македонската репрезентација денеска направи уште една измена во составот пред дуелите со репрезентацијата на Јапонија.

Голманот Марко Кизиќ е новото име, а од оваа репрезентативна акција отпадна голманот Никола Митревски.
Голманот на Еурофарм Пелистер дојде во Скопје на собирот, но побара поштеда за оваа репрезентативна акција. Беше за очекување, минатиот месец поради повредите на Сеид Хеидарирад и Давид Брестовац, тој практично бранеше по 60 минути во големите предизвици во Лигата на шампионите и македонското првенство. Распоредот беше густ, многу тешки натпревари за кратко време и оваа недела ќе се искористи да се рехабилитира.

Марко Кизиќ ќе го комплетира голманското дуо во кое се уште Мартин Томовски и Иван Галевски.




 

Поврзани вести