РФМ: Кандидати за ракометар на годината

Фото: РФМ

По возобновувањето на турнирот „Трофеј Македонија“, актуелното раководство на РФМ, ќе обнови уште една традиција што беше напуштена пред многу години, а тоа е избор на ракометар и ракометарка на годината во организација на РФМ.
Имаше свои оправдани причини некогашниот Ракометен Сојуз на Македонија кога одлучи веќе да не спроведува ваков избор.
Сега времињата се променети, дигиталното време овозможува во изборот да учествуваат повеќе фактори, а сето ќе биде заокружено со свечен настан што ќе се одржи во сабота во Скопје.
РФМ за наградата ракометар на годината номинираше 14 играчи за кои ќе може да се гласа кликнување на „like“ на фотографијата објавена на ФБ страницата на РФМ.

Кандидати за играч на годината 2025 се следниве играчи:

Иван Галевски, Мартин Серафимов, Марко Митев, Филип Кузмановски, Никола Митревски, Игор Ѓоргиев, Томислав Јагуриновски, Жарко Пешевски, Александар Петковски, Павле Атанасијевиќ, Ненад Костески, Милан Лазаревски, Дамјан Субашевски и Петар Атанасијевиќ.

Поврзани вести