- 
            
            29.10.2025
        
- 
                          
                Македонски ракомет
        
        Фото: РФМ
По возобновувањето на турнирот „Трофеј Македонија“, актуелното раководство на РФМ, ќе обнови уште една традиција што беше напуштена пред многу години, а тоа е избор на ракометар и ракометарка на годината во организација на РФМ.
Имаше свои оправдани причини некогашниот Ракометен Сојуз на Македонија кога одлучи веќе да не спроведува ваков избор.
Сега времињата се променети, дигиталното време овозможува во изборот да учествуваат повеќе фактори, а сето ќе биде заокружено со свечен настан што ќе се одржи во сабота во Скопје.
РФМ за наградата ракометар на годината номинираше 14 играчи за кои ќе може да се гласа кликнување на „like“ на фотографијата објавена на ФБ страницата на РФМ.
Кандидати за ракометарка на годината 2025 се следниве играчи:
Марија Јанкуловска, Симона Грујовска, Теодора Гулицоска, Ана Марија Коларовска, Андреа Илиќ, Марија Гугуљанова, Хана Мифтари, Катерина Дамјановска, Емилијана Ризоска, Стефанија Ѓорѓиевска, Бојана Коцева, Борјана Коцева, Марија Анчева и Теодора Дукоска
    
   
    
    
    
 
 Поврзани вести