Ракометни легенди дефилираа во Јане Сандански

Фото: Роберт Спасовски/Екипа

Ракометен настан за кој се зборува пошироко од македонските граници беше ревијалниот меч на македонски репрезентативци и познати ракометни имиња што играле во Македонија и низ Европа по повод 20 роденден на спортското радио 90.3
Ретка можност одново да ги видиме во иста постава Пепи Манасков и Кирил Лазаров, Столе Стоилов и Ванчо Димовски на линијата, Диви и Штербик на гол, Марјан и Драган Начевски во судиска улога, а Лино Червар и Веселин Вујовиќ на клупата.
Имаше убави потези, имаше потези што некогаш биле лесни за изведување, а сега веќе се комплицирани, понекоја контра, цепелин, шрауба, сето тоа спакувано во 45 минутна носталгија и забава за неколку илјади гледачи во Јане Сандански.
Спортското радио 90.3 организираше убав настан, нѐ потсети на некои други ракометни времиња и моменти, вложија многу труд за да го реализираат овој нтпревар и им посакуваме уште многу јубилеи и успешни моменти.

Поврзани вести