ТОП ВЕСТИ: Германија ќе натурализира играч, трансфер во Сегед, Загреб, Слован...

Photo: HC Erlangen

Екипата на Нант, францускиот вицепрвак, од следната сезона до 2029 во своите редови ќе го има шпанскиот интернационалец Имањол Гарсиандија. Тој во моментов настапува за екипата на Пик Сегед.

Германската федерација работи на добивање на германски документи и право за настап за репрезентацијата на Германија за 17 годишниот украински ракометар Максим Лохман (фото). Тој е играч на екипата на Еланген со која потпиша долгорочен договор.

Во моментов најслабиот тим во Лигата на шампионите, хрватскиот првак Загреб, наводно размислува за ангажман на словенечкиот голман Урх Кастелиц кој во моментов е втор голман на бундеслигашот Лемго.

ПИК Сегед планира да го врати во Унгарија репрезентативниот пикер Миклош Рошта. Тој оваа сезона настапува за романскиот тим Динамо Букурешт.

Словенечкиот првак наводно Слован сака да го ангажира репрезентативецот Борут Мачковшек од редовите на унгарскит тим ПИК Сегед каде што соласно шпекулациите за заминувае-доаѓање се подготвува поголема играчка ротација.

Српскиот репрезентативен голман Владимир Цупара најверојатно ќе се раздели со романскиот тим Динамо Букурешт и кариерата ќе ја продолжи во Бундеслигата. Наводно екипите на Гумерзбах, Лајпциг и Ерланген се расположени да го видат во своите редови.

Женскиот клуб на Ц. Звезда сезонава од улога на шампион на Србија, склопи сериозно силен тим во кој како цреша за врвот на тортата пристигна славната Норвежанка Катрин Лунде. Но, црвено-белите ќе мораат да ги прележат детските болести пред да станат (по)голем тим. Деновиве, српските медиуми објавија дека е сменет тренерот Андреа Вукојевиќ со кого немаат пораз повеќе од една година. Новиот тренер е познато име, Шандор Рац ќе го преземе белградскиот тим.




 

Поврзани вести