Фото: РФМ
Машката кадетска репрезентација на Македонија не обезбеди директен пласман на второто по ред М18 ЕХФ Еуро што ќе се игра со 24 репрезентации и викендов ќе игра квалификации за настап на првенството.
Македонија е во групата со репрезентациите на Финска, Луксембург и Грција, а турнирот ќе се одржи во Луксембург.
Две репрезентации од групата ќе обезбедат пласман на ЕХФ Еуро, третопласираната ќе оди еден ранг подолу и ќе игра во ЕХФ Шампионат 1, заедно со четири од шест четвртопласирани екопи. Двете најслаби четвртопласирани екипи во квалификациите ќе одат во ЕХФ ќе одат во ЕХФ Шампионат 2.
Селектор на Македонија на оваа генерација играчи е Горан Кузманоски, а во стручниот штаб се Митко Стоилов, Ице Соколески и координаторот Филип Миркуловски.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА М18 ЕХФ ЕУРО
ДЕНЕСКА:
16:00 Македонија – Финска
18:30 Грција – Луксембург
САБОТА:
14:30 Македонија – Грција
17:00 Луксембург – Финска
НЕДЕЛА
13:00 Грција – Финска
15:30 Македонија - Луксембург
Директен пласман на М18 ЕХФ Еуро обезбедија репрезентациите на Хрватска, Данска, Шпанија, Германија, Унгарија, Исланд, Португалија, Шведска, Србија, Австрија, Ф. Острови, Франција, Словенија и Норвешка.
 
M18 EHF EURO 2026 ќе се одржи од 29 јули до 9 август 2026.