Пик Сегед носи шведско засилување

Photo: OTP Bank-PICK Szeged handball

Унгарскиот вицепрвак и актуелен учесник во Лигата на шампионите, деновиве се наоѓа во центар на внимание и на шпекулации кои се поврзани со играчкиот кадар за следната сезона.
Гласините се дека Сегед ќе го врати Миклош Рошта од Динамо Букурешт, дека од екипата заминуваат Борут Мачковшек и Имањол Гарсиандија, а потврдената вест од клубот е дека следните три сезони нивни играч ќе биде шведскиот репрезентативец Лукас Сандел.

Сандел заедно со Феликс Клар го одведоа Алборг до историско финале на ЛШ, а потоа Клар замина за Магдебург со кој стана европски шампион, а Сандел замина за Веспрем каде што во Европа не освоија ништо. Доаѓањето на Иван Мартиновиќ со огромна отштета значеше и заминување на Сандел кој отиде во РНЛ, но следната сезона одново се враќа во Унгарија, кај најголемиот ривал на својот поранешен клуб.

Поврзани вести