Победа над Финска, кадетите со едната нога се на ЕХФ Еуро

Фото: РK Мулти Есенс

Кадетската репрезентација на Македонија ја совлада Финска во првото коло од квалификациите за М18 ЕХФ Еуро и со едната нога е веќе на Европското првенство што ќе се одржи следниот јули.

МАКЕДОНИЈА – ФИНСКА 36-29 (13-15)
Петрески 10, Поповски 9 – Кнапиен 8, Илман 8


Македонскиот водеше тешка битка со финските ракометари, иако конечниот резултат може да прелаже дека лесно се дошло до стартните бодови.
Репрезентацијата на Финска се покажа како жилав противник кој успеа да се врати од резултатската негатива (8-11) и го заврши првиот дуел со предност од два гола (15-13).

Македонскиот тим брзо се врати во резултатски егал во второто полувреме и до 40 минута се играше гол за гол, а резултатот беше 20-20. Потоа Македонија влезе во подобар ритам, поведе со 23-22, потоа беше 26-23, па 28-24, а потоа рутински до крајот на натпреварот диктираше ритам за конечно да победи со 36-29 во пресрет на утрешниот меч со Грција.

Јован Петрески со 10 гола беше најефикасниот ракометар во македонската репрезентација, a неговиот соиграч од РК Мулти Есенс Бобан Поповски постигна девет гола. Трајче Костов постигна шест, Јован Симовски беше стрелец на пет гола, Стефан Ѓоѓиевски постигна три погодоци, два гола додаде Горазд Дамчевски, а еднаш во листата на стрелци се запиша Христијан Вујичевски.

Поврзани вести