Македонските кадети денеска, во второто коло од квалификациите за М18 ЕХФ Еуро што ги играат во Луксембург, ќе се сретнат со репрезентацијата на Грција.
Македонскиот тим на овој натпревар може во пракса да го верификува пласманот на ЕП затоа што и двата тима во првото коло остварија победи, па денешниот победник ќе биде во голема предност пред решевачките натпревари во третото коло, а можеби и теоретски да обезбеди пласман во зависност од исходот на дуелот меѓу Луксембург и Финска.
Натпреварот меѓу Македонија и Грција ќе почне во 14:30 часот.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА М18 ЕХФ ЕУРО
РЕЗУЛТАТИ:
МАКЕДОНИЈА - ФИНСКА 36-29
ГРЦИЈА - ЛУКСЕМБУРГ 27-21
ДЕНЕСКА:
14:30 МАКЕДОНИЈА - ГРЦИЈА
17:00 ЛУКСЕМБУРГ - ФИНСКА
НЕДЕЛА
13:00 ГРЦИЈА - ФИНСКА
15:30 МАКЕДОНИЈА - ЛУКСЕМБУРГ