Јапонски тест за македонската репрезентација

Фото: РФМ

Сениорската репрезентација на Македонија денеска со почеток од 16:00 часот во спортската сала „Куманово“ во Куманово ќе го одигра вториот натпревар со соодветниот тим на Јапонија во рамките од неделата на ЕХФ.
Македонската репрезентација и јапонскиот тим одиграа меч затворен за јавност на кој нашиот тим запиша победа од 29-27, но импресии од тој натпревар нема поради неговата специфичност.
Затоа денешниот меч ќе биде отворен за публика и ќе се игра со сите расположливи сили, ќе се мисли и на резултатот, иако на вакви натпревари тој не мора да биде приоритет.

Ќе имаме ретка шанса да видиме како изгледаат избраниците на Кирил Лазаров кој отворено се залага за играње на брз ракомет и на репрезентативно и на клупско ниво, против најбрзиот тим на светот.
Натпреварот почнува во 16:00 часот, кумановци ќе треба да ја покажат на дело својата лојалност кон македонската репрезентација и очекуваме полни трибини.

Поврзани вести