Кадетите искомплицираа со поразот од Грција

МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА 31-32 (18-16)
Гарбески 6, Николоски 6 – Сараванос 5, Џантис 5

Кадетската репрезентација на Македонија по вчерашната победа над Финска, денеска ја искомплицира приказната за пласман на ЕП М18 откако денеска беше поразена од Грција (31-32) на натпревар што во пракса можеше да и донесе пласман на ЕП.
Сега пласманот на македонскиот тим на ЕП зависи од резултатот на утрешниот натпревар со репрезентацијата на Луксембург.
Македонија утре мора да победи и притоа да се имаат предвид и резултатите од другите натпревари за да се добие конечниот распоред.

 

Поврзани вести