Фото: РФМ
Ракометната федерација на Македонија годинава ја обнови манифестацијата за избор на најдобри играчи на годината/сезоната. Оваа манифестација пред дваесетина години беше укината, но актуелното раководство на РФМ реши да ја обнови и првиот избор се одржа во Скопје, во свечена атмосфера во хотелот Хилтон пред бројни ракометни работници и гости.
Се бираа најдобрите во 14 категории од која една беше за посебен придонес, а постхумно му беше доделена на Илија Темелковски што ги засили емоциите на присутните во салата.
За најдобри ракометари беа прогласени Филип Кузмановски и Катерина Дамјановска, а најдобрите тренери се Кирил Лазаров во машка и Симе Симовски во женска конкуренција.
ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИ:
*Најдобар ракометар: Филип Кузмановски (Пелистер)
*Најдобра ракометарка: Катерина Дамјановска (Ѓорче Петров)
*Тренер во машка категорија: Кирил Лазаров (Алкалоид)
*Тренер во женска категорија: Симе Симовски (Ѓорче Петров)
*Најдобар млад ракометар: Димитар Узунчев (Бутел Скопје)
*Најдобра млада ракометарка: Марија Јанкуловска (Металург Автокоманда)
*Најдобар странец во машка категорија: Дмитро Хориха (Вардар 1961)
*Најдобар странец во женска категорија: Ана Вранчиќ (Ѓорче Петров)
*Најдобар стрелец во машка категорија: Давид Димевски (Куманово) со 237 гола
*Најдобар стрелец во женска категорија: Марија Анчева (Астибо Штиб) 290 гола
*Најдобра судиска двојка: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски
*Најдобар ракометар од фановите: Никола Митревски (Пелистер)
*Најдобра ракометарка од фановите: Теодора Гулицоска (Чаир)
*Признание за посебен придонес во ракометот: Илија Темелковски (постхумно)