Данска ја разби Холандија, пораз на Романија, реванш на Португалија

Photo: International Handball Federation/ IHF

Првиот противник на Македонија на ЕП 2026, репрезентацијата на Данска која е и организатор и прв фаворит за златото ја декласираше селекцијата на Холандија на турнирот Златна Лига со 40-26 и внесе (нова) доза на вознемиреност и кај стручниот штаб на македонската репрезентација. Емил Јакобсен беше најдобриот на овој меч со 11 гола.
За Македонија која на ЕП против Данска, Португалија и Романија ќе се бори за што подобар пласман, воопшто нема да биде сеедно како ќе заврши средбата со Данска, затоа што на крајот, можеби гол разликата ќе одлучува дали ќе играме еден или два баража.

Репрезентацијата на Португалија, иако некомплетна го совлада Египет на вториот натпревар. Откако „пустинските орли“ славеа 32-28 на првиот меч, Португалците славеа со 30-27 на втората средба.

Романија, третиот противник на Македонија, беше поразена на Трофеј Карпати од екипата на Грузија (27-30). На Трофеј Карпати играат уште и Словачка и Украина.
И репрезентациите на Швајцарија и Хрватска одиграа 1-1 во партии откако швајцарскиот состав вчера славеше со 30-28.

РЕЗУЛТАТИ
ДАНСКА - ХОЛАНДИЈА 40-24
НОРВЕШКА - Ф. ОСТРОВИ  34-26
УКРАИНА - СЛОВАЧКА  31-32
МАКЕДОНИЈА - ЈАПОНИЈА  31-32
РОМАНИЈА - ГРУЗИЈА  27-30
ПОРТУГАЛИЈА - ЕГИПЕТ  30-27
ШВЕДСКА - ШПАНИЈА  34-31
АВСТРИЈА - УНГАРИЈА  27-31
Ц. ГОРА - БЕЛГИЈА  27-27
ШВАЈЦАРИЈА - ХРВАТСКА 30-28
ФРАНЦИЈА - ИТАЛИЈА  38-28

Поврзани вести