Победа над Луксембург нѐ носи на М18 ЕХФ ЕУРО

Кадетската репрезентација на Финска денеска ја совлада Грција во второто коло од квалификациите за М18 ЕХФ ЕУРО 2026 со резултат 29-25 и се пласираше ЕХФ Европското првенство. Мечот беше драматичен, а Финска оди на ЕП благодарение на само еден постигнат гол повеќе во вкупната гол разлика.
Грција исто така има четири бода, но дали ќе се пласираат тие или на ЕП ќе оди Македонија, зависи од исходот на натпреварот меѓу Македонија и Луксембург што ќе се игра денеска од 15:30.

Ако Македонија победи, тогаш нашиот тим и тоа како првопласиран во групата ќе оди на Европското првенство. Ако одиграме нерешено или загубиме од Луксембург, тогаш Грција ќе оди на Европското првенство.

Ако Македонија го победи Луксембург, тогаш на табелата репрезентациите на Македонија, Финска и Грција ќе бидат со по четири бода и за конечниот пласман ќе одлучуваат меѓусебните дуели со Финска и Грција.
Прв критериум се бодови, потоа гол разлика во меѓусебните дуели, трет криетриум е повеќе постигнати голови во меѓусебните дуели.

ТАБЕЛА НА МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ:

1. Македонија 2 бода, гол разлика 67-61
2. Финска 2 бода, гол разлика 58-61
3. Грција 2 бода, гол разлика 57-60.

Поврзани вести