Кадетите ќе играат на ЕП 2026!

Фото: РК Алкалоид

Македонските кадети ќе играат на ЕХФ Еуро 2026 и ораборија за шанса да се натпреваруваат и напредуваат паралелно со најдобрите репрезентации до 18 години

МАКЕДОНИЈА - ЛУКСЕМБУРГ 25-17 (13-9)
Македонија: Николовски, М. Фехми, Петрески 2, Ј. Симоновски 2, Ѓоргиески 5, Поповски 6, Габески, Костов, Ноколоски 4, Ѓоргиевски 1, Т. Симоновски, Вујичевски 4, Трсунов 1, Дамчевски, Шорчески, Симовски


Кадетската репрезентација на Македонија го совлада тимот на Луксембург и се пласираше не ЕХФ ЕУРО М18 како првопласирана репрезентација во групата и покрај поразот од Грција, вечера, во второто коло.
Македонија денеска го совлада Луксембург 25-17 (13-9) и на вкупната табела има четири бода колку што имаат и Грција и Финска по денешната победа на Финците.

За одредување на конечниот пласман се прави мини табела, без дуелите со Луксембург, по што се добива и конечниот поредок во кој Македонија го освои првото место, Финска второто, а Грција е третопласирана и нема да игра на ЕП, туку испаѓа од конкуренцијата и ќе игра во понизок ранг, во ЕХФ Шампионат.
По победата над Финска (36-29) и поразот од Грција (31-32), денешниот меч против Луксембург беше најважниот за Македонија и играчите одиграа на потребното ниво.

Уште во раната фаза Македонија поведе 5-3, 6-4, а по 20 минути игра имаше безбедни пет гола предност (11-6). Првиот дел го доби Македонија со 13-9, а потоа во второто полувреме Луксмебург израмни на 13-13 што беше знак за будење и со серија од 6-1, Македонија дојде во водство од 19-14 по што рутински стигна до победа од 25-17. 
Бобан Поповски со шест погодоци беше најефикасниот играч на македонскит тим на овој натпревар.

ТАБЕЛА НА МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ:
1. Македонија 2 бода гол разлика 67-61
2. Финска 2 бода, гол разлика 58-61
3. Грција 2 бода, гол разлика 57-60.

Поврзани вести