Патот до СП Германија 2027

Фото: РФМ

Паралелно со големиот број на контролни натпревари во Неделата на ЕХФ и квалификациите за М18 ЕХФ Еуро, се играа и првите квалификации за пласман на СП 2027 што ќе се одржи во Германија.
Квалификацискиот систем постојано трпи козметички измени. Во суштина останува исто, но на престојното ЕП, местото во првиот шешир ќе биде една скала повисоко поставено отколку што беше пред две години во Германија.

ПЛЕЈОФ 1
Три квалификациски рунди ќе се играат за пласман на СП 2027 Германија. Првата е веќе комплетирана, а успешно ја минаа репрезентациите на Летонија (подобри од Луксембург), Турција (подобри од Кипар) и Косово (подобри од В. Британија).

ПЛЕЈОФ 2
Летонија, Косово и Турција ќе им се приклучат во вториот шешир (8 екипи) на репрезентациите на Израел, Финска, Белгија, Словачка и Литванија.
Во првиот шешир ќе бидат БиХ, Грција и репрезентациите што на следното ЕП ќе се пласираат од 19 до 24 место, односно ќе бидат последнопласирани во групите.

ПЛЕЈОФ 2 (18-19.3.2026/21-22.3.2026)
Шешир 1: Босна и Херцеговина, Грција и шест селекции од ЕП 2026 (од 19 до 24 место)
Шешир 2: Турција, Летонија, Косово, Израел, Финска, Белгија, Словачка и Литванија

ПЛЕЈОФ 3
Осумте победници од вториот Плејоф и двете најслабо третопласирани од вкупно шест на ЕП (место 17 и 18) ќе бидат во вториот шешир за финалниот Плејоф.
Во првиот шешир ќе бидат 10 најдобро пласирани екипи од ЕП без четирите најдобропласирани екипи од ЕП 2026 и без Данска и Германија кои директно се пласирани.
Ако Германија и Данска бидат меѓу првите 16 екипи во првиот шешир ќе бидат десет репрезентации (7-16) место или зависно од конечниот пласман на Данска и Германија.

ПЛЕЈОФ 3 (13-14.5.2026/16-17.5.2026)
Шешир 1: Најдобрите 10 екипи на ЕП 2026 (Без Данска и Германија и без најдобрите четири тима од ЕП 2026)
Шешир 2: Осум победници од Плејоф 2 и две најслабо третопласирани репрезентации од ЕП 2026 (17 и 18 место).

Разликата со квалификациите од претходното ЕП 2024 е едно место. Македонија на 2024 година беше 17 пласирана и беше во првиот шешир во Плејоф. На следното ЕП, пласманот на позицијатај 17 ќе носи место во вториот шешир, а во првиот ќе има место само првите 16, со Данска и Германија пласирани до 16 место.









 

Поврзани вести