Екипата на МРК Куманово денеска објави дека нивниот тим е засилен со нов ракометар кој ќе има право да настапи беќе на следниот суперлигашки натпревар. Новиот ракометар е странец, Бразилец и игра на позицијата десен бек. Габриел Гудеш беше играч на Борец, но откако оваа екипа беше исклучена од натпреваруавање замина во Израел и сега се враќа одново во Македонија.
Официјално нов играч на нашиот тим е Бразилецот Габриел Гуедес. Овој ракометар игра на позиција десен бек кој е висок 186 сантиметри и тежок 90 килограми.
Договорот на Гуедес со МРК Куманово е на една година со опција за продолжување на договорот и за наредната сезона. Новиот ракометар ќе има право за настап веќе на утрешниот меч против ГРК Тиквеш од Кавадарци кој ќе се одигра во Спортската Сала во Куманово со почеток од 20 часот.
МРК Куманово амбициозно влезе во новата сезона, но по пермиерната победа над Радовиш следеа осум порази во низа, промена на тренер и сега одново се на трансфер пазарот со амбиција да го засилат тимот и да ја прекинат серијата на порази.