Како Кил и Флензбург ги делат трошоците?

Фото: Mkdhandball

Германските клубови и градови треба да бидат репер и модел што треба да се следи за сите други за тоа како се работи, соработува, како и какво ривалство се гради.

Два града да финансираат еден клуб (Флензбург-Хандевит, Хановер-Бургдорф...) не е пракса туку традиција, а двата најлути ривали, Флензбург и Кил ја носат го носат на ново ниво ривалството.

Во следното коло, Кил гостува во Штутгарт, а Флензбург во Балинген, па ривалите од северот ќе ги делат трошоците за патување и заедно ќе одат со чартер лет на денот на натпреварите и веднаш потоа заедно се враќаат назад.

Поврзани вести