Сакаше да биде вицкаст и доби отказ

Поранешната ракометарка на Вардар, Норвежанката Камила Херем се врати на теренот по битката со рак на градите, но во процесот на лечење со хемотерапија ја загуби целата коса. 
Таа стана посебен тип на идол во Норвешка и секаде каде што ќе се појави со нејзиниот тим на теренот добива признанија, букети цвеќиња и други подароци. 
Така беше и на натпреварот со екипата на Гјерпен, каде што доби букет цвеќиња, а најавувачот во салата сакаше да излезе вицкаст, па искоментира во стилот дека „не и е потребен фризер“. 
Иако општиот впечаток е дека немал намера да ја навреди, глупата забелешка имаше очекуван ефект, реагираа речиси сите и најавувачот уште истиот ден доби отказ. 

Поврзани вести