Пукна тиквата: ЧСМ Букурешт го избрка тренерот

Photo: CSM Bucuresti (cropped image)

Четири порази и само две победи во шест одиграни кола во Лигата на шампионите беа премногу за управата на можеби најбогатиот клуб во светот на женскиот ракомет – ЧСМ Букурешт.
Незадоволството кулминираше по домашниот пораз во Лигата на шампионите од екипата на Одензе.

Денеска, ЧСМ Букурешт му врачи отказ на тренерот Адриан Василе.

Истовремно клубот информираше и дека ја прифатил оставката на тим-менаџерот, Кристина Варзару, позната поранешна репрезентативка на Романија.

Поврзани вести