-
04.11.2025
-
Македонски ракомет
Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски
РК АЛКАЛОИД - РК СТРУГА 44-27 (20-13)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари. Делегат: Бобан Мајнов
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (13 одб), Галевски, Џонов 2, Тордарсон 4, Маркоски, Карасманакис 4, Стојковиќ 6, М. Митев 2, Велковски 1, Симоноски 1, Петковски 4, Д. Митев 4, Трајкоски 5, Иваноски 4, Ѓорговски 7, Гарбески
Седмерци: 0/1 Исклучувања: 2 мин.
РК СТРУГА: Тутенкоски, Пејоски, Ѓурѓевиќ (7 одб), Мечкароски 2, Костов 4, Клењоски 1, Ферукоски 4, Вељаноски, Алиша, Махдуб 7, Костоски 2, Савески 3, Талевски, Атанасовски 4
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 2 мин.
Екипата на Алкалоид запиша нова суперлигашка победа и без пораз го чека последниот натпревар од првиот круг во кој во недела ќе се сретне со уште еден непоразен тим, Вардар 1961.
Алкалоид иако настапи со видно изменет состав, денеска немаше проблеми со стружаните, а моменто што го одбележа натпреварот е враќањето на терен на младата македонска ѕвеза Марко Митев кој неколку месеци се рехабилитираше од повреда.
Поврзани вести