Келце се раздели со Хасан Кадах

Photo: Indistria Kielce/kielcehandball

Полскиот вицепрвак Келце ја официјализираше дека спогодбено е прекината соработката со левиот бек од Египет, Хасан Кадах (25).
Кадах во Келце дојде од редовите на египетскиот тим Замалек со кого освојуваше шампионски титули во 2020, 2021 и 2022. По кратката позајмица во Ал Калеј, во 2023 се пресели во Полска, но неговата европска авантура за жал ја одбележаа повреди.

Сега го бара патот назад кон вистинската форма, но тоа не можеше да го направи под водство на Талант во Келце и одново се враќа во Замалек од каде што ќе се обиде да ја рестартира кариерата и потоа...

Хасан Кадах е лев бек висок 205 сантиметри, а можеби го памети и македонската публика, затоа што првиот европски/светски блесок го имаше во Скопје.

На кадетското СП 2019 во Македонија, Египет стана светски шампион, а Хасан Кадах беше најдобриот стрелец на СП и дел од ол стар тимот.

 

Поврзани вести