Фаворитите лесно до пленот на гости

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД 19-25 (11-13)
Д. Узунчев 9, Михајловиќ 3 – Иванковиќ 4, Љапис 4, Петриќ 4


Екипите на ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер го надополнија 100 настотното остварување на екипите од големата четворка во 10 суперлигашко коло, претпоследно од првиот круг во првенството.
Охрид гостуваше кај екипата на Бутел Скопје и запиша победа од 25-19. Не му беше премногу тешко на гостинскиот состав. Одиграа подобра одбрана, на почетокот на мечот поведоа со 6-1 и таа предност направи разлика на натпреварот.

Домашниот Бутел каде што се истакна Димитар Узунчев со девет гола, успеа да намали на 8-9 и 9-10, но го потроши целиот арсенал уште тогаш, па гостите веднаш се вратија на комотните плус пет (16-11). На десет минути до крајот Охрид водеше и со 10 гола разлика (24-14), а во финишот домашните успеаја малку да го нашминкаат резултатот.

 

ПРИЛЕП – Е. ПЕЛИСТЕР 25-40 (12-21)
Крстески 7, Димитриоски 3, Лековиќ 3 – Пе. Атанасијевиќ 7, Па. Атанасијевиќ 4, Цехте 4


Во Прилеп, актуелниот првак, екипата на Еурофарм Пелистер славеше победа од 15 гола разлика (40-25). За одбележување, во екипата на Пелистер се врати голманот Сеид Хеидарирад и уште постигна и еден гол. Патем освен Домен Тајник и вториот голман Јован Мацанковски сите битолски ракометари денеска се запишаа во листата на стрелците.

Поврзани вести