ТОП ВЕСТИ: Чудни унгарски правила, колкави се платите во Баја Маре...

Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски

Две познати имиња се елиминирани од Куп на Унгарија во машка конкуренција. Ѓер беше поразен од Балатон (26-31), а елиминирана е и екипата на ФТЦ Ференцварош која на домашен терен одигра нешерено (26-26) со екипата на Татабања.
Во Унгарија, во Куп натпреварувањата се игра еден меч. Ако тој заврши нерешено, како во случајот на ФТЦ и Татабања, тогаш победата се доделува на гостинската екипа.

Компанијата „Даикин“ нема веќе да биде главниот спонзор на Бундеслигата. Германскиот „Кикер“ објави ексклузивна информацијата подоцна потврдена од двете страни, дека „Даикин“ ја активирал клаузулата од договорот која му овозможува по две години да ја прекине соработката.
Кризата во енергетскиот сектор на Германија ја погоди и оваа компанија и место пет, ќе соработува со германската Бундеслига само две години.

Романскиот клуб Баја Маре ги објави нето платите на фудбалската и двете ракометни секции (мажи и жени). Без да се споменуваат имињата, може да се види дека машкиот ракометен клуб месечно троши нето 120.000 евра за плати. Највисоките плати се движат од 5.500 до 6.500 евра (нето), а такви играчи има седум плус и тренерот е во рамки на таа плата.
Баја Маре минатата сезона во ЕХФ Европскиот Куп беше елиминирана од екипата на РК Алкалоид.

Откако му врачи отказ на тренерот Адриан Василе, екипата на ЧСМ Букурешт во следниот период, додека да назначи нов прв тренер ќе ја води поранешната романска репрезентативка Јулија Куреа. Интересно, но прв фаворит за постојаното тренерско место е тренерот на јуниорскиот тим на ЧСМ.

Украинскиот пивот Александар Онифриенко (24) најверојатно ќе си замине од Целје и ќе се пресели во Франција, во екипата на Екс Прованс.






 

Поврзани вести