Мартин Томовски ќе добие нов тренер

Фото: РФМ

Екипата на Битигхајм за која од оваа сезона настапува македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, ќе го смени тренерот на крајот на сезоната.

Од клупата заминува некогаш најголемата шпанска ѕвезда Икер Ромеро, а доаѓа, односно по осум годни се враќа Хартмут Мајерхофер. Тој е роден Романец, но на многу млада возраст, пред 50 години, неговите родители емигрирале во Германија. Мајерхофер беше тренер на Битигхајм во периодот од 2013 до 2018, потоа од крајот на 2018 до 2022 го водеше Гепинген, а сега е тренер на екипата на Ерланген.
Како ќе се рефлектира промената на тренерот врз настапите на Мартин Томовски под услов тој да остане во клубот е прашање на кое ќе чекаме одговор речиси цела година.
Затоа, пак, можеме да подвлечеме дека соработката со актуелниот тренер, Икер Ромеро, за него е одлична и тој многу брзо се врати во врвна форма и во моментов, по девет комплетирани кола е статистички најдобриот голман во Втората Бундеслига.

Поврзани вести