Фото: ГРК Охрид
Екипата на ГРК Охрид е годинешниот македонски адут во ЕХФ Европскиот Куп каде што пехарот е во годишна сопственост на РК Алкалоид.
Охриѓани се единствената од трите македонски екипи што се пласираше во следно коло од ова натпреварување и таму ќе игра со екипата на Слога Добој, претставникот на БиХ кој е многу познато име, но поради организација на турнирот со најмногу изданија, а не според нивните резултати следствено и квалитет.
Првиот меч меѓу Охрид и Слога ќе се игра во Билјанини извори на 16 ноември, онлајн билетите веќе се пуштени во продажба, информираше клубот. Цената на билет е 250 денари
MKTIKETS