Вардар 1961 со ново лого до крајот на сезоната

Годинава е јубилејна за најуспешниот македонски спортски клуб, Ракометниот клуб Вардар 1961. Вардар слави 65 роденден и по тој повод реши привремено да го смени клупското лого и до крајот на сезоната на дресовите на клубот ќе новото славеничко лого, а премиерно на новите дресови ќе се појави во недела на дерби натпреварот со РК Алкалоид. 
 

65 години клуб за сите генерации!
Во чест на одбележувањето на 65 роденден на клубот, ви го претставуваме официјалното лого кое симболично ја отсликува историјата и славното минато на големиот Вардар, а кое до крајот на јубилејната сезона ќе ги краси и дресовите во кои ќе настапува нашиот тим!
Клуб за сите генерации претставува омаж на ракометните легенди, спортските работници и навивачите кои шест и пол децении заедно ја создавале црвено-црната приказна која со истиот став, стремеж и емоција продолжува да живее и понатаму!
Во таа насока, ги покануваме сите навивачи на дерби натпреварот против Алкалоид, кој ќе се одигра во недела во ракометниот храм со почеток од 18:30ч.
Продажбата на билети се врши онлајн како и на билетарницата пред сала,од 10:00-18:00ч., објави денеска РК Вардар 1961


Поврзани вести