Прокоп лизга по тенок лед во Хановер

Photo: TSV Hannover Burgdorf/ Die Recken

Екипата на Хановер Бургдорф, по одличната ланска сезона и добриот старт во ЕХФ Европската лига каде што го елиминираше македонскиот тим Алкалоид, влезе во голема резултатска криза од која не може лесно да се извлече.
Поразите во нивниот лош стартен распоред лошо влијаеа и врз продолжението и сега германските медиуми пишуваат дека клубот ја „замрзнал“ идејата да попише нов договор со тренерот Кристијан Прокоп.
Договорот на Кристијан Прокоп истекува во јуни, а до почетокот на сезоната се сметаше за формалност. Но, Хановер е на 13 место од 18 екипи со само шест освоени бода по 10 кола и прашањето не е дали ќе биде потпишан нов договор, туку дали и актуелниот ќе го одработи до крајот.

Поврзани вести