ЕХФ го казни тренерот на Барса

Фото: Mkdhandball

ЕХФ го суспендираше Антонио Карлос Ортега, тренерот на Барса на еден натпревар од Лигата на шампионите и ќе мора да плати и парична казна од 1500 евра.

Ортега на последниот меч од Лигата на шампионите кој Барса убедливо го доби на гостински терен кај Висла Плоцк влегол во голема расправија со тренерот на Висла, инаку негов сонародник Хавиер Сабате.

Однесувањето на Ортега е оценето како крајно неспортско и затоа му е изречена казна, а Сабате за својот дел во кавгата избегна суспензија, но не и парична казна и ќе плати 750 евра.

Поврзани вести