СУПЕРЛИГА: Фаворитите ја оправдаа улогата

Во очекување на големо дерби, меч што утре ќе го одиграат екипите на Вардар и Алкалоид во „Јане Сандански“ денеска се одиграа четири натпревари од 11 коло, последното од првиот (полу)круг во Суперлигата.
Без изнанедувања мина денешниот ден, затоа што првите фаворити, Е. Пелистер и ГРК Охрид запишаа двоцифрени победи на домашен терен над екипите на Куманово и Т. Пролет 62.

Битолчани со совладаа Куманово со 15 гола разлика на натпревар на кој Петар Атанасијевиќ постигна седум гола, што е добар знак дека се враќа во форма пред Европското првенство во Данска каде што конкурира за место во екипата.

Во Охрид, скопски Пролет одигра солидно прво полувреме кое заврши со само два гола предност за фаворизираниот домаќин, но по само три минути игра во второто полувреме разликата стана пет, а до крајот на мечот 10 гола.
Гоце Ојлески, уште едно лево крило имаше своја вечер со осум гола, а во тимот на охриѓани беше запишан и новиот голман, Кристијан Пилиповиќ.

Гостински победи запишаа екипите на Е. Пелистер 2 над Струга и екипата на Прилеп над Радовиш со што го зголемија јазот меѓу конкурентите за Плејоф и екипите што оваа сезона ќе бидат во разигрување за опстанок.

Странците во вториот битолски тим, Французинот Баптист со осум гола и Мохамед Азиз со пет погодоци го водеа Е. Пелистер 2 до победа, а меѓу нив Христијан Митревски со шест гола го комплетираше ударното трио.

Радовиш и по 11 кола останува единствената екипа што не освоила ниту бод. Денеска на домашен терен против Прилеп беа во игра до 50 минута (22-23), а потоа следеше серија од 6-0 на гостите, водство од 20-22 и победникот беше одлучен.

СУПЕРЛИГА, 11 КОЛО
РЕЗУЛТАТИ:

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО 45-20 (20-8)
ГРК ОХРИД – Т. ПРОЛЕТ 30-20 (13-11)
СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 22-26 (11-12)
РАДОВИШ – ПРИЛЕП 24-29 (14-18)
УТРЕ:
ВАРДАР 1961 – АЛКАЛОИД
ГРК ТИКВЕШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ

Поврзани вести