Денеска се игра големо дерби во Скопје

Фото: РК Алкалоид

Последното големо дерби од првиот полукруг меѓу екипите од „четворката“ ќе се одигра денеска во Скопје, а актери ќе бидат екипите на Вардар 1961 и Алкалоид. 


За комплетирање на 11 суперлигашко коло остануваат само уште два натпревари. Во Кавадарци ќегостува екипата на Бутел Скопје, а во „Јане Сандански“ во Скопје ќе играат Вардар и Алкалоид. 
Вардар 1961 и Алкалоид се двата тима што немаат пораз сезонава. Вардар на домашен терен  ги доби двата дерби меча со Охрид и Е. Пелистер, Алкалоид на домашен терен одигра нерешено со истите противицни и поради тоа е два бода зад Вардар на табелата. 

Улогата на фаворит ја има домашниот тим. И поради домашниот терен и поради фактот што противникот нема да биде комплетен. Урош Борзаш е вон терен, Марко Митев само што се врати од повреда, а Никола Костески сѐ уште го чека својот кам бек. 
И во Вардар има повредени ракометари, но црвено-црните ангажираа и нови играчи како замени, а тренерот Иван Чупиќ има повеќе опции од Кирил Лазаров, затоа што неговиот тим е составен воглавно од странски ракометари предводени од новопечениот Македонец - Димитро Хориха. 

Условите да гледаме израмнет натпревар, секако се исполнети, натпреварот е закажан за 18:30 часот, а Вардар ја почнува и прославата на својот 65 роденден, симболично со привремена промена на клупското лого. 

 

Поврзани вести