Некогашна данска ѕвезда објави крај на кариерата

Фото: Telekom Veszprem

Поранешната данска ѕвезда, Николај Маркусен (37) објави дека ја игра последната сезона во кариерата. Тој е играч на дански Холстебро од 2021, но многу малку се слушаше за него и падна во заборав, иако е многу ценет и како играч и како ментор во неговиот сегашен клуб.

Николај Маркусен беше најголема данска ѕвезда во еден момент. Висок речиси колку Криштопанс (213 см), Маркусен инстантно стана маркантна фигура што му донесе трансфер од Нордсјеланд во Атлетико Мадрид каде што беше соиграч на Кирил Лазаров.

Неговиот најголем хендикеп беше што играше во иста ера со Микел Хансен и Менса Ларсен со кои реално не можеше да се носи во трката за репрезентацијата.

Дополнително, по распадот на Атлетико, реши да замине во Ал Џаиш од Катар што уште повеќе го оддалечи од репрезентацијата и од европските клубови. По една сезона во Катар се врати назад во Бјерингбро – Силкеборг, таму играше пет сезони, а потоа уште еднаш се обиде во врвен клуб, една година играше во Веспрем пред да потпише за Холсебро каде што ќе ја заврши кариерата во јуни.

Поврзани вести